Соопштение по повод приведувањето на претставници на Студентскиот пленум

PP LOGO FBПрофесорскиот пленум изразува длабока загриженост за приведените студенти од Студентскиот пленум кои учествуваа во последните протести пред Владата на Р. Македонија.

Имајќи ги предвид укажувањата на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р. Македонија за зголемената употреба на сила при приведувањето на дел од учесниците на протестите, бараме надлежните да постапуваат во духот на почитувањето на човековите права и согласно законот. Бараме овие инциденти да не се злоупотребат за дискредитација на студентското движење.

Професорскиот пленум го поддржува правото на студентите од Студентскиот пленум организирано, мирно и ненасилно да организираат, учествуваат и да поддржат јавни собири со цел слободно и јавно да ги изразат своите мислења и барања во поглед на општествените прашања кои ги преокупираат.

Воедно, ги потсетуваме надлежните органи на Р. Македонија, дека се должни на граѓаните и граѓанките да им овозможат непречено да го остварат нивното уставно загарантирано право, мирно да го изразат својот револт или незадоволство од одредени состојби во државата.

1 comments on “Соопштение по повод приведувањето на претставници на Студентскиот пленум

  1. […] пленум изразува длабока загриженост за приведените студенти од […]

    Ми се допаѓа

Напишете коментар