Bizo chachipe nane shandipe! Arka e polgarijengere protestija basho iraniba e chachibaskoro krisi ki Republika Makedonija!

PP LOGO FBPakivalen polgarija (zizutne) !

Anglo 25 bersh sare mashkaro amende mejdingjam e Republika Makedonija sar samostojno thaj suverenitetno them demokratsko butikeribaja thaj Ustav kote sa o manusa tane jek anglo o kris. Pirgam ko drumo e nafandlipakoro mangipaja amaro than telo kham te ovel phuv kote sare ka shaj te keren lafi ki pli dajakiri chib, kote sare ka saj te bajljaren pi kultura thaj te arsiklipen piri religija. Phuv koja ka kerel neve buka, ka izborinel pe peske thaj javerenge. Continue reading

Nema pravde, nema mira! Podrška građanskim protestima za povratak vladavine prava u Republici Makedoniji!

PP LOGO FBPoštovani sugrađanke i sugrađani

Pre 25 godina proglasili smo svi zajedno Republiku Makedoniju kao samostalnu i suverenu državu sa demokratskim uređenjem i Ustavom u kome su svi, građanke i građani, jednaki pred zakonom. Zakoračismo na put nezavisnosti sa željom da naše mesto pod Suncem bude država u kojoj svako od nas može slobodno da govori maternji jezik, da razvija svoju kulturu i praktikuje svoju religiju, da stvara i da se takmiči za sebe i za druge. Continue reading

Нема правда, нема мир! Поддршка за граѓанските протести за враќање на владеењето на правото во Република Македонија!

PP LOGO FBПочитувани сограѓанки и сограѓани,

Пред 25 години сите заедно ја прогласивме Република Македонија како самостојна и суверена држава со демократско уредување и устав според кој сите граѓани и граѓанки се еднакви пред законот. Зачекоривме на патот на независноста со желба нашето место под сонцето да биде држава во која секој од нас слободно ќе го зборува својот мајчин јазик, ќе ја развива својата култура и практикува својата религија, ќе создава и ќе се натпреварува за себеси и за другите. Continue reading

Поддршка за академската заедница од Република Србија

PP LOGO FBПрофесорскиот пленум им дава безрезервна поддршка на колегите и колешките, професори и професорки од Србија во нивното настојување да се коригира нацрт Правилникот за категоризација и рангирање на научните списанија предложен од страна на Министерството за просвета, наука и технолошки развој на Република Србија.

Со предложениот правилник се фаворизира објавувањето на научни трудови во листите на профитните компании „Thomson Reuters“ и „Elsevier“ и улогата на импакт факторот како мерило за вреднување на научните трудови и како услов за оцена на научната работа на професорите. Continue reading

Правила за реизбор… како луѓе

sinolicka-trpkovaОсвен мојата стручност и достигнувања во тоа што го работам, во биографијата решив да стои: „Од 2006-2016 се борам во континуитет за подобра иднина на мојата земја“.

Во 21 век, во Македонија се зборува за стручност и квалификации на луѓето вработени во образовниот систем, небаре се домати и пиперки. Колку е професорот стручен во тоа што го работи и колку ги исполнува условите кои системот и законите од него ги бараат. Графите, бодовите и бројките во оценувањето професори и студенти нè внесоа во микро-свет, далеку од реалноста што нè опкружува. Не е тоа ништо ново за светот. И таму мора да се мери знаењето на професорите и на учениците, но без да се загуби контакт со реалноста, со светот, со светските трендови, настани, движења. И во таа немилосрдна борба за престиж во научните откритија, човечноста сепак наоѓа начин да се вметне во образовните курикулуми на луѓето и на институциите. Ако не доброволно, тогаш како „код“ или „правило“ во образовниот процес. Тешко дека инстантно ќе ги видиме придобивките од тоа, но се чини дека добрината, чесноста и хуманоста стануваат неопходни за опстанокот на луѓето. Како дел од градбата на нашите карактери, без разлика со каква професија се бавиме. Continue reading

Актуелизирање на барањето за одржување на јавна вонредна Седница на Универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

PP LOGO FB

Почитуван Ректоре проф. д-р Стојковски,

Почитувани колешки и колеги, Сенаторки и Сенатори на УКИМ, Continue reading

Реакција на Професорскиот пленум за Предлог-законите за основање нови Универзитети

PP LOGO FBСкорешните одлуки на Владата на Република Македонија за основање нови универзитети се причина за остра реакција на Професорскиот пленум. Имено, новиот универзитет „Мајка Тереза“ доби зелено светло од Собраниската комисија за образование, наука и култура и продолжи во понатамошна парламентарна процедура. Потоа, Владата на Република Македонија во Собранието на Република Македонија предложи Закон за основање на Универзитет за национална одбрана, безбедност и мир „Дамјан Груев“ во Скопје.

Професорскиот пленум смета дека овие одлуки на Владата за основање на нови државни универзитети се погрешни, штетни и сериозно проблематични. Сметаме дека со ваквите одлуки уште повеќе ќе се корпоративизира високото образование и сите јавни добра полека стануваат сопственост на Владата на Р Македонија. Имено, со ваквите одлуки се чини дека Владата на Р Македонија заедно со Министерството за образование и наука сака да ги разори постоечките универзитети и високообразовни институции кои со децении создаваат квалитетни кадри и да ја уништи традицијата на воспоставување стандарди во високото образование во Република Македонија. Continue reading

Поддршка од Професорскиот пленум за колегите во Турција

PP LOGO FBДлабоко сме огорчени поради третманот на Турција кон научните работници кои го кренаа гласот против злосторствата на турската држава против Курдите.

„Професорите за мир“ – група од 1128 турски и курдски научници и професори – потпишаа изјава со наслов „Нема да бидеме учесници во ова злосторство” и ја повикаа турската влада да стави крај на непријателствата против курдското население во државата. Од објавувањето на изјавата, овие научни работници се изложени на постојана кампања на малтретирање и насилство како од турската држава, така и од нејзините поддржувачи. Continue reading

Попсимонова за МО Мугра: „Знаењето оди во втор план!“

gpsimonova-int-625x320Благодарност до проф. д-р Гордана Попсимонова од Факултетот за земјоделски науки и храна, која се согласи да ги сподели своите гледишта поврзани со Болоњскиот процес и бесплатното образование.

Како гледате на Болоњскиот процес во Македонија? Дали е адекватен за создавање кадри за работни места, развивање критичка мисла кај студентите, или двете?

Кратко и јасно: Болоњскиот процес е реформа на европското образование со многу длабока и добра идеја да ги задоволи потребите на пазарот на трудот и да се подигне мобилноста на студентите. За жал, дури ни во високоразвиените економии, реформите не одговориле на поставените барања. Continue reading

Соопштение за јавноста

PP LOGO FBПрофесорскиот пленум ја известува јавноста дека на членовите на Професорскиот пленум, Студентскиот пленум и на Мугра, како и на присутните претставници на медиумите не им беше дозволено да присуствуваат на седницата на Сенатот на УКИМ, која се одржа денес, на 29.12.2015, иако, согласно со Статутот на УКИМ (чл. 110), седниците на Сенатот на УКИМ се јавни.

Вратите на Ректоратот на УКИМ останаа затворени за претставниците на академската фела и на медиумите без соодветно образложение, и покрај тоа што Ректорот на УКИМ, кој ги свикува и раководи седниците на Сенатот на УКИМ, беше информиран за нашето барање да присуствуваме на седницата, а и на самата седница не беше изгласано денешната седница на Сенатот на УКИМ да биде од затворен карактер.

Со тоа Ректорот Стојковски го прекрши Статутот на УКИМ.

Професорскиот пленум бара одговорност од Ректорот Стојковски за денешниот инцидент.

Професорски пленум