Поддршка за академската заедница од Република Србија

PP LOGO FBПрофесорскиот пленум им дава безрезервна поддршка на колегите и колешките, професори и професорки од Србија во нивното настојување да се коригира нацрт Правилникот за категоризација и рангирање на научните списанија предложен од страна на Министерството за просвета, наука и технолошки развој на Република Србија.

Со предложениот правилник се фаворизира објавувањето на научни трудови во листите на профитните компании „Thomson Reuters“ и „Elsevier“ и улогата на импакт факторот како мерило за вреднување на научните трудови и како услов за оцена на научната работа на професорите. Continue reading

Advertisements

Актуелизирање на барањето за одржување на јавна вонредна Седница на Универзитетскиот Сенат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

PP LOGO FB

Почитуван Ректоре проф. д-р Стојковски,

Почитувани колешки и колеги, Сенаторки и Сенатори на УКИМ, Continue reading

Поддршка од Професорскиот пленум за колегите во Турција

PP LOGO FBДлабоко сме огорчени поради третманот на Турција кон научните работници кои го кренаа гласот против злосторствата на турската држава против Курдите.

„Професорите за мир“ – група од 1128 турски и курдски научници и професори – потпишаа изјава со наслов „Нема да бидеме учесници во ова злосторство” и ја повикаа турската влада да стави крај на непријателствата против курдското население во државата. Од објавувањето на изјавата, овие научни работници се изложени на постојана кампања на малтретирање и насилство како од турската држава, така и од нејзините поддржувачи. Continue reading

Отворено писмо до ректорот на УКИМ, проф. д-р Велимир Стојковски

PP LOGO FBПочитуван Ректоре Стојковски,

Бараме свикување итна, вонредна ЈАВНА седница на Сенатот, најдоцна до среда 23.12.2015, со присуство на претставници на Студентскиот пленум, M.O. „МУГРА“, Професорскиот пленум и медиумите, со следните точки на Дневен ред: Continue reading

Преземено: Обраќање на Средношколскиот пленум до Премиерот на РМ

Цврст и силен одговор од „катастрофата за општеството“.
Или, од „нашата иднина“. Зависи кој како ги разбира нештата.
‪#‎ПоздравПленумци‬


Обраќање до премиерот на РМ

Ние од Средношколскиот Пленум сме веќе заситени од неаргументираната, неиздржаната канонада на лажни обвинувања од Ваша страна и од страна на Вашите министри. Згрозени сме од фактот дека си дозволивте јавно да нѐ обоите партиски, и нас како млади луѓе нѐ наречете „катастрофа за општеството“, со што ја урнавте секоја шанса за дијалог со Вашиот министер. Continue reading