Правила за реизбор… како луѓе

sinolicka-trpkovaОсвен мојата стручност и достигнувања во тоа што го работам, во биографијата решив да стои: „Од 2006-2016 се борам во континуитет за подобра иднина на мојата земја“.

Во 21 век, во Македонија се зборува за стручност и квалификации на луѓето вработени во образовниот систем, небаре се домати и пиперки. Колку е професорот стручен во тоа што го работи и колку ги исполнува условите кои системот и законите од него ги бараат. Графите, бодовите и бројките во оценувањето професори и студенти нè внесоа во микро-свет, далеку од реалноста што нè опкружува. Не е тоа ништо ново за светот. И таму мора да се мери знаењето на професорите и на учениците, но без да се загуби контакт со реалноста, со светот, со светските трендови, настани, движења. И во таа немилосрдна борба за престиж во научните откритија, човечноста сепак наоѓа начин да се вметне во образовните курикулуми на луѓето и на институциите. Ако не доброволно, тогаш како „код“ или „правило“ во образовниот процес. Тешко дека инстантно ќе ги видиме придобивките од тоа, но се чини дека добрината, чесноста и хуманоста стануваат неопходни за опстанокот на луѓето. Како дел од градбата на нашите карактери, без разлика со каква професија се бавиме. Continue reading

За идејата на универзитетот и неговата состојба денес

vidikovНашите универзитети, потпишувајќи ја Болоњската декларација во 2003 година, всушност ја потпишаа капитулацијата на својата интелектуална и морална независност од политичко-економската моќ, и постанаа инструмент во рацете на владејачките гарнитури и потребите на економските моќници во државата, пишува Стефан Видиков од младинската организација „Мугра“ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

„За да одговорат на потребите на современиот свет, универзитетите во рамките на својата мисија во науката и образованието мора да имаат морална и интелектуална независност наспроти политичката и економската моќ.“ – Член 2 од Основни принципи на Magna Charta Universitatum. Continue reading

Универзитетот и моќта

Stojanov2Деновиве во моево опкружување сум сведок на такво бербатење на угледот и достоинството на професијата од страна на простачката политичка моќ, што едноставно не можам да премолчам. Во оваа прилика нема да ви ги откријам актерите и драмолетката затоа што ако сега им го обелоденам планот, може да добијам и тужба за клевета, но таа  драмолетка многу бргу ќе им стане јасна на сите во мојата професија и во моето поблиску и подалечно, како философско, така и универзитетско опкружување. Затоа, место молк, во оваа колумна ќе ви раскажам за односот на политичката моќ и универзитетот!

Универзитетите по својата дефиниција се топоси на концентрирано знаење и епитомизација на умот во заедницата. Тие воедно се и темелот на кој се гради и врвот кон кој општеството стреми. Во таа институција би требало да се собрани најумните од умните, артистократијата на духот и наукот. Да, обвинете ме за елитизам, но верувам декатаму се најдобрите синови и ќерки на нацијата. Continue reading

Times Higher Education: Journal impact factors ‘no longer credible’

glasses-lying-on-top-of-a-journal

The measure of scholarly impact is now being manipulated so much that it has ceased to be meaningful, editorial claims.

Trickery by editors to boost their journal impact factor means that the widely used metric “has now lost most of its credibility”, according to Research Policy journal.

With many editors now engaged in “ingenious ways” of boosting their impact factor, “one of the main bastions holding back the growing scourge of research misconduct” has been “breached”, the publication warns in an editorial. Continue reading

Трајче Стојанов за „Фактор“: Универзитетот како енклава на слободата

stojanov1

Иако универзитетските реформи веќе одамна не се во фокусот на случувањата во државава, сепак од време – на време ќе слушнеме за некој случај во академската заедница, кој ќе не поттикне повторно и повторно да го промислуваме овој проблем. Денешнава колумна има една директна провокација и една инспирација.

Првата провокација е во случајот на Правниот факултет во Скопје, каде и покрај сета галама што  ја дигнавме разно-разни пленумци, правдољубци, научници…контрапленумци, сепак универзитетот продолжи да си тера по свое – си примија човек за доцент, со неисполнети услови и прекршена постапка, како што тврди во приговорот колегата Д. Апасиев, Continue reading

Од соседството: Татјана Пауновиќ, „Самрак на идеите“

800x600_Tatjana-PaunovicСè уште не ја проголтавме горчливата кнедла што ни ја сервираше деканот на Правниот факултет на најстариот српски универзитет: „предавањето“ со наслов „Српската држава меѓу истокот и западот“ – кое, на личен повик од деканот, пред студентите го одржа Александар Вучиќ, при што непрестајно пелтечеше и ги промашуваше темата, прикладниот жанровски облик, регистарот и академското ниво на кое обврзува говорницата на еден од трите најстари факултети на белградскиот универзитет. И, додека сè уште се обидувавме да сфатиме што се случи во петокот, веќе во вторник нè удри по нос благодарницата што на Томислав Николиќ му ја врачи лично деканката на Филолошкиот факултет од истиот тој најстар српски универзитет, по повод денот на факултетите, а за неговите големи заслуги и покровителството. Continue reading

Само со автономен универзитет до демократија

25154golema

Зошто е потребна автономија на универзитетот? Младите академци, студентите и нивните професори во секоја модерна демократија се сметаат за водечка интелектуална сила во општеството, од која зависи и неговата демократизација.

Во времe коe се цени за исклучително важно за демократскиот курс на Република Македонија, додека сме сведоци на едно од најголемите општествено – политички превирања и длабока криза на претставничката демократија (како и демократијата воопшто), едно од начелата на кое е нужно да се посвети особено внимание е автономијата на универзитетот. Дебатата за автономијата практично започна во 2014 година кога соизмените на Законот за високо образование власта се обиде да ги укине академските слободи. Обидот за контрола на оценувањето на студентите и изборот во звања на наставничкиот кадар на универзитетот, доведе до масовни протести и силен отпор од академската заедница. Continue reading