Правила за реизбор… како луѓе

sinolicka-trpkovaОсвен мојата стручност и достигнувања во тоа што го работам, во биографијата решив да стои: „Од 2006-2016 се борам во континуитет за подобра иднина на мојата земја“.

Во 21 век, во Македонија се зборува за стручност и квалификации на луѓето вработени во образовниот систем, небаре се домати и пиперки. Колку е професорот стручен во тоа што го работи и колку ги исполнува условите кои системот и законите од него ги бараат. Графите, бодовите и бројките во оценувањето професори и студенти нè внесоа во микро-свет, далеку од реалноста што нè опкружува. Не е тоа ништо ново за светот. И таму мора да се мери знаењето на професорите и на учениците, но без да се загуби контакт со реалноста, со светот, со светските трендови, настани, движења. И во таа немилосрдна борба за престиж во научните откритија, човечноста сепак наоѓа начин да се вметне во образовните курикулуми на луѓето и на институциите. Ако не доброволно, тогаш како „код“ или „правило“ во образовниот процес. Тешко дека инстантно ќе ги видиме придобивките од тоа, но се чини дека добрината, чесноста и хуманоста стануваат неопходни за опстанокот на луѓето. Како дел од градбата на нашите карактери, без разлика со каква професија се бавиме. Continue reading

Advertisements

Стевановиќ: Ректоратот да каже дали дозволил градење во кампусот на УКИМ

majasРекторатот на УКИМ требаше да ја образложи постапката за сечењето на дрвјата, влегувањето на лица надвор од УКИМ и процесот на донесување одлука за овие објекти. Требаше да свика седница, ако ништо друго да превенира ескалација на ситуацијата на УКУМ, вели професор Маја Стевановиќ од Професорскиот пленум во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Continue reading

BalkanInsight: Macedonia Students Picket Rectorate over Park Demolition

Studenti by SJM 2

 

Students at Saints Cyril and Methodius University in Skopje barricaded the entrance to the rectorate on Monday morning in an attempt to stop the construction of the two new buildings after the authorities razed the park at the weekend under cover of darkness.

The students, part of an informal movement called the Students’ Plenum, called on the university’s dean and professors to join them in their campaign.

“We are not against the new buildings but not here,” Vladimir Delov from the Student’s Plenum told Balkan Insight.

“We requested a meeting with the dean [Velimir Stojkovski] because he can halt the construction on the university’s grounds but he is conveniently absent. How can the dean and the university leadership be silent about what is happening into their backyard?” Delov asked.

The protesting students displayed banners with the slogan “we will not give up the university” and demanded that the university leadership takes a stand. They said they will remain outside the rectorate until they get a response.

The dean’s office was unavailable for comment.

The protest started after the authorities demolished the small park early on Saturday at about 2.30am, cutting down some 60 trees.

In its place, they plan to build new buildings for the Faculty of Sports and the Faculty of Information Sciences and Computer Engineering, both in the neo-Classical style of the government-sponsored revamp of the capital dubbed Skopje 2014, a project seen as the brainchild of Prime Minister Nikola Gruevski.

Students by SJM 1

The authorities recently signed a 20 million euro contract for the building work with the construction company Beton Stip.

Skopje’s landmark university complex, built in the modernist style in the 1970s.

“What they are doing is destroying one of the last remaining urban complexes in Skopje,” Mirjana, a comparative literature student, told BIRN.

“This is stupid… We must all get together and protest against this crime,” said Edin, a law student.

A group of counter-demonstrators appeared 50 metres from the rectorate building during the protest on Monday. They claimed to be students from the Faculty of Sports who wanted to support the government-funded construction of a new building for their faculty.

Since Prime Minister Nikola Gruevski came to power in 2006, demonstrators have increasingly found their rallies shadowed by mysterious parallel protests, which many suspect to be government fronts.

The Students’ Plenum was formed earlier this year and was behind the biggest student protests in Macedonia since independence. In February this year, students ‘occupied’ the same university complex, forcing a government climbdown over a disputed higher education law.

 

Sinisa Jakov Marusic, BIRN, Skopje

 

Студентски пленум не запира со борбата против барокните факултети во УКИМ

qq1

Откако преку ноќ беа соголени дрвјата во кампусот на УКИМ за изградба за двате барокни згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура (ФФК), синоќа на Правниот факултет одржа трибина под наслов „Што ли ќе се гради во нашиот двор?“. Во Пленумот наскоро ќе ги договорат следните чекори за одбрана на универзитетската автономија, а најавуваат и пријава до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, заради прекршени закони.

На синоќешната трибина ректорот Велимир Стојковски го откажал присуството поради службени обврски, а студентите, дел од професорите и претставниците на ФИНКИ и ФФК водеа жестока дебата за сечењето на дрвјата, за „барокизацијата“, загушувањето на просторот, за проблемите со сообраќајните решенија.. Воопшто за потребата на новите факултети на овој дел и како изградбата на барокните зданија влијае врз автономијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Continue reading

Почнаа зафатите во Универзитетот: преку ноќ исечени дрвјата во УКИМ, се подготвува терен за изградба на барокните факултети

k5

И покрај многубројните реакции и негодувања од студентите, архитектите и голем дел од јавноста кон идејата за изградбата на две барокни згради за ФИНКИ и Факултетот за физичко образование во склоп на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, сепак, во кампусот веќе се подготвува теренот за подигнување на двата објекти во духот на „Скопје 2014“. На аголот наспроти ТЦ „Мавровка“ и судовите, за потребите на градежните зафати исечени се дрвја што со децении беа дел од кампусот на УКИМ.

Според информациите што доаѓаат од студентите, сечата започнала доцна во ноќта, околу 2:30 часот, а утрово таму може да се забележат само лисја, легнати гранки и трупци дрва. На целиот тој дел од УКИМ зад булеварот „Гоце Делчев“ студентите избројаа вкупно 47 дрвја. Не се знае дали и колку воопшто од нив моментално има останато. Continue reading

За идејата на универзитетот и неговата состојба денес

vidikovНашите универзитети, потпишувајќи ја Болоњската декларација во 2003 година, всушност ја потпишаа капитулацијата на својата интелектуална и морална независност од политичко-економската моќ, и постанаа инструмент во рацете на владејачките гарнитури и потребите на економските моќници во државата, пишува Стефан Видиков од младинската организација „Мугра“ во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

„За да одговорат на потребите на современиот свет, универзитетите во рамките на својата мисија во науката и образованието мора да имаат морална и интелектуална независност наспроти политичката и економската моќ.“ – Член 2 од Основни принципи на Magna Charta Universitatum. Continue reading

Универзитетот и моќта

Stojanov2Деновиве во моево опкружување сум сведок на такво бербатење на угледот и достоинството на професијата од страна на простачката политичка моќ, што едноставно не можам да премолчам. Во оваа прилика нема да ви ги откријам актерите и драмолетката затоа што ако сега им го обелоденам планот, може да добијам и тужба за клевета, но таа  драмолетка многу бргу ќе им стане јасна на сите во мојата професија и во моето поблиску и подалечно, како философско, така и универзитетско опкружување. Затоа, место молк, во оваа колумна ќе ви раскажам за односот на политичката моќ и универзитетот!

Универзитетите по својата дефиниција се топоси на концентрирано знаење и епитомизација на умот во заедницата. Тие воедно се и темелот на кој се гради и врвот кон кој општеството стреми. Во таа институција би требало да се собрани најумните од умните, артистократијата на духот и наукот. Да, обвинете ме за елитизам, но верувам декатаму се најдобрите синови и ќерки на нацијата. Continue reading