Попсимонова за МО Мугра: „Знаењето оди во втор план!“

gpsimonova-int-625x320Благодарност до проф. д-р Гордана Попсимонова од Факултетот за земјоделски науки и храна, која се согласи да ги сподели своите гледишта поврзани со Болоњскиот процес и бесплатното образование.

Како гледате на Болоњскиот процес во Македонија? Дали е адекватен за создавање кадри за работни места, развивање критичка мисла кај студентите, или двете?

Кратко и јасно: Болоњскиот процес е реформа на европското образование со многу длабока и добра идеја да ги задоволи потребите на пазарот на трудот и да се подигне мобилноста на студентите. За жал, дури ни во високоразвиените економии, реформите не одговориле на поставените барања. Continue reading

Стевановиќ: Ректоратот да каже дали дозволил градење во кампусот на УКИМ

majasРекторатот на УКИМ требаше да ја образложи постапката за сечењето на дрвјата, влегувањето на лица надвор од УКИМ и процесот на донесување одлука за овие објекти. Требаше да свика седница, ако ништо друго да превенира ескалација на ситуацијата на УКУМ, вели професор Маја Стевановиќ од Професорскиот пленум во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Continue reading

Чаусидис за МО „Мугра“: Студентите мора да се воспитуваат на самодостоинство!

k4Имавме шанса да разговараме со професорот Никос Чаусидис од Институтот за Историја на уметност и археологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, во врска со Болоњскиот систем и бесплатното образование.
Еве што ни одговори:

Кои се слабостите на Болоњскиот Процес во Македонија? Дали тој треба да се укине или да се подобри?

Слободата е нож со две острици. Пред Болоњскиот систем имаше висок степен на слобода, и кај професорите и кај студентите. Добрите професори и добрите студенти добро ја користеа таа слобода за да го прилагодат ритамот на наставата и ритамот на судирањето во име на принципите на квалитет и уживање во процесот. Continue reading

Сандра Ѓорѓиева за „Вест“: „Ако заедно решиме да не трпиме, мора да нe слушнат!“

Дваесет и едногодишната Сандра Ѓорѓиева е режисерката на документарниот филм “Зелени ѕидови, црна храна”, кој го истражува животот и суровите услови во студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје и ги прикажува пасивноста и отпорот на македонските студенти.

1

Ѓорѓиева е студентка на четврта година на филмска и ТВ-монтажа на Факултетот за драмски уметности во Скопје, во класата на доцент Лазар Секуловски.

Филмот е во продукција на ФДУ, монтажата е на Ѓорѓиева, Јована Мишковска е продуцентка, сниматели се Марко Димитриевски и Кристијан Караџовски, а музиката е на Трајко Симоновски.

Филмот во понеделникот се прикажа на настанот на Студентскиот пленум “Ние не чекаме избори: Заокружи Гоце”. На дебатата говореше и архитектот на објектот Георги Константиновски, кој своевремено за овој проект беше високо награден, а денес вели оти плаче, гледајќи го како пропаѓа. Continue reading

Солунчев за „Фактор“: Македонското образование создава полтрони и гастарбајтери!

solunacОбразованието не подлежи на импровизации и концептуални збрки. Супстанцијално образованието не треба да биде реперкусија на политичкиот систем, а уште помалку, чекор во некаква  политичка програма на која било политичка партија, оти на тој начин тоа е само еден запчаник на механизмот на власта, и има комплетно пресвртена онтологија,  не произведува индивидуалитети, што е негова основна цел, ами, дури и напротив, ги укинува – вели за Фактор, доц. д-р Ристо Солунчев од Институтот по философија на Филозофскиот факултет.

Continue reading