Заедничко соопштение на Професорскиот пленум и Независниот академски синдикат во врска со одржаната седница на Собраниската комисија за образование, наука и спорт на 27.06.2017

pp-logo-160x160naks-logo-160x160На 27.06.2017 година во 12.00 часот се одржа седница на Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија на којашто беше предвидено да се разгледува Извештајот на ректорот за работата на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје за периодот од 16 септември 2015 до 15 септември 2016 година. Покрај Ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски на оваа седница беа поканети и претставници на Студентски парламент на УКИМ, Студентски пленум, Професорски пленум и Независен академски синдикат.

ПП и НАкС ја прифатија поканата од Претседателот на Комисијата, проф. Петар Атанасов, и испратија по двајца свои претставници на седницата. Но, за жал, поради големиот број процедурални забелешки на членовите на Комисијата од редот на опозицијата, на штo се потроши поголемиот дел од времето предвидено за работа, нашите претставници не добија можност да земат збор и да дадат активен придонес во расправата по Извештајот. Можност да зборуваат на таа седница не добија ниту претставниците на СП, ниту претставниците на СПУКМ.

Сепак, сметаме дека јавноста треба да биде запознаена со содржината на она што сакавме да го кажеме доколку ни беше дадена соодветна можност во текот на седницата, затоа што тоа е во функција на подобрување на квалитетот на високото образование и квалитетот на работата на самата Комисија за образование, наука и спорт.

1. Ја поздравуваме подготвеноста на Претседателот на Комисијата за воведување на добра практика, во смисла на отворање на седниците за стручната јавност, а со цел во работењето на комисијата да се вклучат сите засегнати страни кога се во прашање образованието, науката и спортот. Но, сепак, мораме да укажеме дека за вистинска инклузивност, потребно е да се обезбедат можности за активно учество во дискусијата на сите поканети, а не само да се обезбеди нивното формално, физичко присуство.

Исто така, би сакале на членовите на Комисијата од редовите на парламентарната опозиција, кои во оваа прилика отворено ја покажаа својата неподготвеност да слушнат различни мислења од професорите и студентите, да им укажеме дека членовите и поддржувачите на ПП и НАкС имаат различни политички ставови, но нивна заедничка цел е поквалитетно високо образование, наука и спорт. Цениме дека почитта кон стручната јавност е основниот предуслов за да се докаже подготвеноста за работење на реформи во интерес на граѓаните.

2. Ги разбираме и ги поздравуваме заложбите на парламентарното мнозинство за одржување на легалистичкиот континуитет на државата, наспроти гласните барања на дел од јавноста за брзо справување со неправилностите и неправдите од изминатиот период. Но, со оглед на тоа што одлуката на Претседателот на Комисијата да ги вклучи и претставниците на академските здруженија во нејзиното работење претставува политички гест, а не законска обврска, се прашуваме што би требало да значи канењето на претставниците на СПУКМ. Имено, пред точно една година целокупната македонска јавност можеше да се увери дека тие луѓе не ги претставуваат студентите, туку дека со помош на полициско насилство им беше овозможено да ги украдат изборите. Ако проблемот на нивната легалност и легитимност се игнорира и сѐ уште не се решава во органите и телата на УКИМ, дали со поканата за учество во работењето на Собраниската комисија, несвесно не им се дава апостериорен легитимитет на оние кои се сѐ само не легални и легитимни претставници на студентите на УКИМ?

3. По однос на извештаите за работењето на ректорите на јавните универзитети, сметаме дека е потребно Комисијата во иднина да преземе соодветни мерки за прецизирање на методологијата за нивна подготовка со цел да се подобри квалитетот на самите извештаи. Неопходно е во нив да бидат опфатени сите потребни информации, а тие информации да бидат презентирани на начин кој ќе овозможи увид во тоа дали соодветната институција работела во согласност со својата програма за работа и колку успеала да оствари од планираното во извештајниот период.

4. Во таа смисла, забележуваме дека во Извештајот на ректорот за работата на УКИМ за периодот од 16 септември 2015 до 16 септември 2016 година отсуствуваат соодветни податоци по однос на тоа што било планирано за работа во дадениот период и што било предвидено во Стратегијата за развој на УКИМ.

Извештајот изобилува со фактографија и нарации, но тие не се ставени во соодветен контекст за да претставуваат информации од кои може да се процени дали воопшто е направен напредок во некој сегмент од работата на Универзитетот или, пак, имало стагнација и назадување во однос на претходните години. За илустрација, што може да се заклучи за резултатите на УКИМ во поглед на мобилноста на студентите и професорите во периодот 2015-2016 во рамките на Еразмус+, кога е даден само податокот за бројот на поднесени апликации и селектирани мобилности, 97 и 64 кај студентите и 11селектирани и реализирани мобилности кај професорите, а притоа не е даден податокот за вкупниот број на достапни места!? Бројот од 215 потпишани билатерални договори, кој е наведен во Извештајот, не може да биде индикативен во оваа смисла, бидејќи за секој договор се врзани различен број на мобилности. Недостасува и податокот дали бројот на потпишани билатерални договори се однесува на тековната академска година или е сумарен.

5. Загрижувачко е отсуството на каква било информација за важни настани кои го обележаа извештајниот период како: барањата на група сенатори за одржување вонредна седница во врска со изградбата на зградите на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство во кампусот на ректоратот и скандалозните избори за претседател на СПУКМ, барањето на членовите на ПП и СП за присуство на седниците на кои се расправаше за овие барања, како и незакажувањето на вонредните седници од страна на тогашниот ректор, проф. Велимир Стојковски, и покрај статутарната обврска.

Во Извештајот нема ни збор за присуство на полицијата во Кампусот и тоа во неколку наврати, како ни за спектакуларната интервенција на Специјалните полициски сили при приведувањето на професор на Економскиот факултет.

Недостасуваат соодветни и целосни информации и по однос на процедурата за избор на ректор, укажувањата на СП и соодветите барања во врска со нелегалниот статус на претставниците на СПУКМ кои учествуваа во изборот на ректорот.

Недостасуваат соодветни и целосни информации во врска со изборот на претседател на СПУКМ, проблемите кои настанаа притоа, формирањето на Комисијата за истражување на случувањата, како и резултатот од нејзиното работење.

Недостасуваат соодветни и целосни информации во врска со формирањето на Комисијата за измени на Статутот во делот на студентското организирање од страна на Сенатот на УКИМ, како и резултатот од нејзината работа.

Заради недостатокот од соодветни информации од Извештајот не може да се заклучи многу за соработката на УКИМ со Министерството за образование, наука и спорт и други соодветни институции, особено оние кои се надлежни за реализација на програмите од Европската Унија.

6. Она што може да се заклучи од Извештајот, така како што е составен, е дека во извештајниот период Ректоратот на УКИМ не преземал одлучни чекори за решавање на наталожените проблеми во однос на кадровските прашања, просторните и инфраструктурните проблеми и несоодветното финансирање, со оглед на тоа што не постои информација дека истите се адресирани до соодветното министерство.

Дека Владата немала многу разбирање за потребите на УКИМ може да се заклучи од податокот дека од Универзитетот се доставени до Владата барања за 241 вработување, од кои се одобрени само 51. До сличен заклучок води и податокот дека за учебната 2015/16 година од Владата не е одобрен бараниот број места за упис на одредени студиски групи, со што намерно или ненамерно, се подобрува позицијата на приватните универзитети и дисперзираните студии на другите универзитети и се овозможуваат услови за развивање нелојална конкуренција.

Интегративните функции во Извештајот се претставени преку финансирање проекти и организација на културни, уметнички и забавни случувања. Оттаму, останува впечатокот дека интегрираноста на Универзитетот и понатаму останува горливо прашање. Посочуваме дека интеграцијата треба повеќе да се отсликува во начинот на организирање на Универзитетот, неговата структура, политиката на развој и менаџирањето. Постоечкото ниско ниво на интегрираност е плодно тло за развој на проблеми поврзани со матичноста, што од своја страна ги доведува факултетите во ситуација да си конкурираат едни на други во рамките на УКИМ, но и надвор од него.

Во текот на расправата по Извештајот и самите членови на Комисијата упатија голем број забелешки. Сметаме дека за подобрување на квалитетот на високото образование, Комисијата во иднина во својата процедура треба да предвиди можност извештаите за работењето на ректорите на јавните универзитети да бидат усвојувани, откако од нив ќе бидат отстранети сите забележани недостатоци.

И покрај неможноста нашите претставници активно да се вклучат во работењето на седницата на Собраниската комисија за образование, наука и спорт, одржана на 27.06.2017, Професорскиот пленум и Независниот академски синдикат ќе одговорат и на идните евентуални покани, доколку во своите редови имаат членови кои се од соодветните универзитети или се компетентни за дадената тема. Сметаме дека на тој начин ќе го дадеме својот конструктивен придонес во одржување и развивање на добрата практика на соработка на законодавниот дом со стручната, академска јавност.

Пленумците и „Мугра“ со ултиматум до ректорот, до четврток очекуваат одговор за двата факултети

mkd-232985

Откако беше блокиран во знак на револт по ноќната сеча и зафатите за подигнување на двата барокни факултети во склоп на УКИМ, ректоратот денеска повторно продолжи да работи. Студентски пленум и младинската организација „Мугра“ презентираа четири конкретни барања. Очекуваат од ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски до четврток да се произнесе по барањата, а со цел да се најде  решение за изградбата на објектите кои досега донесоа многу реакции и забелешки. Continue reading

BalkanInsight: Macedonia Students Picket Rectorate over Park Demolition

Studenti by SJM 2

 

Students at Saints Cyril and Methodius University in Skopje barricaded the entrance to the rectorate on Monday morning in an attempt to stop the construction of the two new buildings after the authorities razed the park at the weekend under cover of darkness.

The students, part of an informal movement called the Students’ Plenum, called on the university’s dean and professors to join them in their campaign.

“We are not against the new buildings but not here,” Vladimir Delov from the Student’s Plenum told Balkan Insight.

“We requested a meeting with the dean [Velimir Stojkovski] because he can halt the construction on the university’s grounds but he is conveniently absent. How can the dean and the university leadership be silent about what is happening into their backyard?” Delov asked.

The protesting students displayed banners with the slogan “we will not give up the university” and demanded that the university leadership takes a stand. They said they will remain outside the rectorate until they get a response.

The dean’s office was unavailable for comment.

The protest started after the authorities demolished the small park early on Saturday at about 2.30am, cutting down some 60 trees.

In its place, they plan to build new buildings for the Faculty of Sports and the Faculty of Information Sciences and Computer Engineering, both in the neo-Classical style of the government-sponsored revamp of the capital dubbed Skopje 2014, a project seen as the brainchild of Prime Minister Nikola Gruevski.

Students by SJM 1

The authorities recently signed a 20 million euro contract for the building work with the construction company Beton Stip.

Skopje’s landmark university complex, built in the modernist style in the 1970s.

“What they are doing is destroying one of the last remaining urban complexes in Skopje,” Mirjana, a comparative literature student, told BIRN.

“This is stupid… We must all get together and protest against this crime,” said Edin, a law student.

A group of counter-demonstrators appeared 50 metres from the rectorate building during the protest on Monday. They claimed to be students from the Faculty of Sports who wanted to support the government-funded construction of a new building for their faculty.

Since Prime Minister Nikola Gruevski came to power in 2006, demonstrators have increasingly found their rallies shadowed by mysterious parallel protests, which many suspect to be government fronts.

The Students’ Plenum was formed earlier this year and was behind the biggest student protests in Macedonia since independence. In February this year, students ‘occupied’ the same university complex, forcing a government climbdown over a disputed higher education law.

 

Sinisa Jakov Marusic, BIRN, Skopje

 

Шкариќ: Ова е вонредна состојба, на УКИМ не смее да има полиција!

bbb1

На Универзитетот гледам полиција, тоа е вонредна состојба, вaка ја оцени денешната ситуација на УКИМ, професорот Светомир Шкариќ.

– Тоа се вооружени сили, а зад нив е Ректоратот. Не знам кого го чуваат, Ректорот? Ректоратот? Или пак Правниот факултет? Од гледиште на Уставот, автономија на Универзитетот претставува неприкосновеност на територијата на која што се наоѓа Универзитетот. Никој освен студентите и професорите не може да влегува на Универзитетот, каде не смее да има полициска сила. Кога јас бев професор, студент облечен во полициска или воена униформа не можеше да полага испит, мораше да биде во цивил, за да не се создава разлика, вели Шкариќ, професор по Уставно право. Continue reading

Блокада на Ректоратот, багерите работат

Студенти го блокираа Ректоратот на УКИМ револтирани од сечењето дрвја и градењето нови факултети во дворот на УКИМ. Велат дека одлуката за тоа е донесена нетранспарентно. Бараат оставка од ректорот оти не ја заштитил автономијата на Универзитетот.

Continue reading

Студентски пленум не запира со борбата против барокните факултети во УКИМ

qq1

Откако преку ноќ беа соголени дрвјата во кампусот на УКИМ за изградба за двате барокни згради на ФИНКИ и Факултетот за физичка култура (ФФК), синоќа на Правниот факултет одржа трибина под наслов „Што ли ќе се гради во нашиот двор?“. Во Пленумот наскоро ќе ги договорат следните чекори за одбрана на универзитетската автономија, а најавуваат и пријава до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, заради прекршени закони.

На синоќешната трибина ректорот Велимир Стојковски го откажал присуството поради службени обврски, а студентите, дел од професорите и претставниците на ФИНКИ и ФФК водеа жестока дебата за сечењето на дрвјата, за „барокизацијата“, загушувањето на просторот, за проблемите со сообраќајните решенија.. Воопшто за потребата на новите факултети на овој дел и како изградбата на барокните зданија влијае врз автономијата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Continue reading

Жестока дебата за исечените дрвја

k3Жестока дебата и кавга вечерва на Правниот факулет. Студенсткиот  Деканите на ФИНКИ И ДИФ кои треба да добијат нови згради во барок стил се надмудруваа со студентите од студенскиот пленум и колеги професори околу сеќењето 47 стебла во дворот на универзитетскиот кампус. Continue reading