Јавен повик до сенаторите на УКИМ

PP LOGO FB

Почитувани колешки и колеги, сенаторки и сенатори на УКИМ: Continue reading

Advertisements

Јавен повик до Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски

Професорскиот пленум упатува јавно барање до Ректорот на УКИМ, проф. д-р. Велимир Стојковски да го демантира Министерството за образование и наука (МОН), дека Универзитетот Св. „Кирил и Методиј“ предложил, а МОН го прифатил предлогот за спроведување на пилот-проект за државен испит на само еден ден пред гласањето на законските измени во Собранието на РМ.

Според соопштението, Ректорската управа на УКИМ одржала вонредна седница на 13 јануари и заклучила дека нејзиното барање упатено до ресорното министерство да се заложи кај овластените предлагачи „да се повлечат предложените законски решенија од собраниска процедура заради потребата од поопсежна дебата и согледување на сите аспекти од предложените измени“ не биле прифатени. Continue reading

Професорскиот пленум бара повлекување на законот или бојкот на наставата

Повлекување на предлог законот за високо образование бара професорскиот и студентскиот пленум, во спротивно не се исклучени нови протести, но и бојкот на наставата, вели професорката Гордана Силјановска од Професорскиот пленум.

Проследете ја изјавата на проф. Силјановска на DailyMotion.

Отворено писмо до ректорот на УКИМ

pismo1

До
Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
проф. д-р Велимир Стојковски

ОТВОРЕНО ПИСМО
03.01.2015

Почитуван ректоре, проф. д-р Велимир Стојковски,

Дозволете најнапред да Ви ја честитаме Новата година и да Ви посакаме среќа и успех, Вам и на целата ректорска управа.

Како што веќе знаете од медиумите, како одговор на иницијативата на нашите студенти, кои повеќе од два месеца протестираат и се обидуваат да издејствуваат конструктивен дијалог со државните институции во врска со измените на Законот за високо образование, и ние професорите конституиравме Професорски пленум. Во него членуваат и активно дејствуваат преку 500 професори од сите универзитети во Република Македонија. Со нашето дејствување сакавме да го поддржиме она што низ институционалните канали го правеа деканатите и ректоратите. Иако нашиот глас беше единствен, а приговорите аргументирани и во висок степен хармонизирани, сепак се удрија од ѕидот на молкот на институциите.

Continue reading