Груевски ги повика Пленумците на состанок во кабинетот

44asx

Претставници од Студентскиот и Професорскиот Пленум денеска одат на средба со премиерот Никола Груевски на негово инсистирање, велат за НОВА од Студентскиот Пленум.

Состанокот е закажан за 12:30 часот, а Пленумци се изненади од ваквиот ненадеен повик на Премиерот, кој не ги послуша на ниту еден од јавните протести кои изминативе месеци ги организираше Пленумот, а ги повикува на разговор сега.

На студентите им е соопштено дека тема на разговор ќе биде изготвување на нов Закон за високо образование и тие сметаат дека без разлика на состанокот, ова е обид на Премиерот да ги спречи во нивното понатамошно делување.

– Нашите црвени линии се јасни, а тоа е одложување на сегашниот Закон за високо образование и подготовка на нов закон во кој ќе бидат вметнати нашите предлози. Јас мислам дека премиерот се обидува да не спречи во понатамошното делување, меѓутоа се додека не се сфатат сериозно нашите барања, ние нема да престанеме со борбата за подобро високо образование. Без разлика на тоа што ќе биде исходот од состанокот, ние ќе се обидеме да покажеме максимална конструктивност, вели за НОВА, Дарко Малиновски, член на Студентскиот Пленум.

Освен студентите и професорите, на состанокот се поканети и претставници од Ректоратот на УКИМ.

Славица Филиповска, НОВА

Врска до оригиналниот документ

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s