Трендо и Петар: Импакт фактор, опуштена верзија

Последната шашма во која се заплеткуваат кавгите околу високото образовение се вика “импакт фактор”, Звучи учено и авторитетно, лесна е за копи – пејст и затоа деновиве на неа се повикува и шуто и рогато. Да се објасниме со упатен човек.

Одговара: Петар Поповски, професор на Универзитетот Аалборг, Данска

Да почнеме од најважното, дали сите професори што немаат публикации регистрирани во Web of Science се мрзливи, неспособни, или, нагалено, измамници?

Не. Тоа е исто како да кажеш дека секој оној што не шутира прецизно за тројка во кошарка е лош тенисер. Web of Science е база на податоци што е релевантен показател за некои научни дисциплини, а за некои скоро ич. Конкретно, за мојата област (телекомуникации и комуникациски мрежи) е добар показател, но не најидеален. Сепак, дури и да стојам добро со перформанси во Web of Science, тоа не ме прави повикан да кажам дека некој научник од подалечна дисциплина (на пример, правни науки) е неспособен затоа што нема регистрирани трудови во Web of Science.

Тогаш како би го проверил некој, што не ти е во областа, дали има добри научни перформанси?

Би консултирал истражувачи и професори од таа област за да научам кои се главните списанија и конференции од областа и во кои датабази да ги најдам. На пример, дел од информатичките
конференции кои ги организира ACM (Association for Computing Machinery) прифаќаат помалку од
10% од испратените трудови, другите 90% ги сметаат за недоволно квалитетни да бидат публикувани на таа конференција. Тогаш воопшто не е битно дали таа конференција ја има во некоја датабаза или не, битно е дека тој труд е препознатлив за луѓето од таа област и има потенцијал да извршни научно влијание.

Дали Web of Science и импакт фактор е едно те исто?

Не. Web of Science е комерцијална база на податоци, значи, треба да платиш или сам или твојата институција за да имаш пристап до неа. Во таа база на податоци која се сместени публикации за кои е пресметан импакт фактор. Импакт фактор за некое списание или конференција на македонски би требало да се вика или чинител на влијание. Тој е мерка за тоа колку трудовите публикувани во тоа списание имаат научно влијание преку цитирање. Еве еден пример: Јас публикувам труд во списание со име Х во 2014. Насловот на трудот е Y и во наредните 2 години многу други истражувачи публикуваат трудови во кои го цитираат Y, т.е. вика ат нешто како “во 2014 Поповски во Y го направи тоа и тоа, а ние овде тоа ќе го прошириме” и слично. Ако во просек сите трудови публикувани во Х добиваат многу цитати во наредните две години, тогаш импакт факторот на тоа списание ќе биде висок. Web of Science содржи публикации со пресметан импакт фактор, но не значи дека ги содржи сите релевантни публикации за секоја научна дисциплина.

Звучи фер сите да се споредат. Зошто погоре го даде примерот за кошарка и тенис?

Некоја област е многу широка и активна, со голем број истражувачи, така што тука ќе фрчат цитати и импакт факторот ќе цвркута од радост. Ама друга област е потесна, нема толку истражувачи што ќе цитираат, импакт факторот може да е мал, Web of Science може да не ги пушта на врата ради приватна забава, ама во еснафот ќе ги знаат дека си се супер. Мора да се сфати дека академското постигнување се мери специфично за секоја академска област. Замисли да рече некој “Абе овој професоров по литература жив патент нема направено” или “Овој професоров по електроника е клошариште, во ниедна уставна комисија нема учествувано”. Вистинското вреднување на некоја академска област мора да се направи во консултација со луѓето од тој еснаф и, врз база на таа консултација, да се направи листа на авторизирани публикации кои ќе носат поени при евалуацијата на научните постогнувања. Листата не треба да е статична и треба да се ажурира на година-две за да ги следи трендовите во областа.

Ок, ама барем во рамките на една област импакт факторот е објективен показател и тука нема збор, така?

Па не баш. Се испојавија публикации, воглавно од некои азиски земји, во кои по принципот
братбратанерани, си пишуваат трудови кои се цитираат едни со други и за 2-3 години секој труд
публикуван во тоа списание има висок импакт фактор, јупии! Обично ги препознавам по тоа што ме покануваат или да бидам уредник кај нив или да им испратам труд за кој однапред ми ветуваат дека ќе го прифатат, а успут ми кажуваат дека нивната публикација има импакт фактор тој и тој. Секако дека завршуваат во Spam фолдерот. Правилото ми е – никогаш не верувај на публикација во која првата реченица од поканата го кажува импакт факторот. Тоа е исто како типот со 10 саати на раката почнува со “Овој Ролекс овде ми е оригинал”.

А има ли датабаза кај шо не треба да се плати а пак да се види кој како публикува?

Има разни. Google Scholar е една од најголемите, ама таму роботите на Google адресираат све и свашта, така да нпр. јас имам некои слајдови од предавања што ги нашол online и ми ги смета за публикација. Иако е неидеален, Google Scholar e добар индикатор за повеќе научни области, но треба да се користи само како една референца, не како строг критериум.

За крај?

Да не чачкаш по научни датабази ако не знаеш да ги користиш, како што прават некои новинари,
зошто може џиш да има. Да ги користат тие што си го знаат занаетот за да креираат критериуми по кои ќе се евалуираат, и тие критериуми да се одобрат во еден транспарентен процес, дури и со учество на екстерни експерти, но не со поедноставено користење на бројки од датабази.

линк: http://off.net.mk/lokalno/razno/impakt-faktor-opushtena-verzija

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s