Котеска: Моралните избори се возможни, особено за интелектуалците!

Ве молам RT!! Моралните избори се возможни, особено за интелектуалците!!


Малите злосторства се прават од користољубие или од навика. Големите од верба и од убедување. Само големите идеалисти прават големи злосторства без каење, идеалите ги ослободуваат од грижата на совеста…

Кога обвинителите во Нирнберг им ги поставија на сведоците против Ајхман прашањата: „Зошто не протестиравте? Зошто се качивте во возот? Петнаесет илјади луѓе стоеја таму, а стотици чувари ве гледаа… зошто не се побунивте, не се растрчавте или зошто не ги нападнавте?“, Хана Арент со право вели дека прашањата се сурови и глупави. Целиот триумф на садистичката структура на СС-овците се базирал на таков тип структура во која потоа жртвата да дозволи самата да биде одведена до јамата без протест, самата да се одрече од секаков квалитет на човечки отпор: системот кој ги уништува жртвите пред да стапат на губилиштето е неспоредливо подобар за држење на цел народ во ропство.

Законите во вообичаените земји во светот се токму такви: вообичаени и стандардни законски материи. Нашиот предлог-закон за Високото образование НЕ Е ВООБИЧАЕНА ПРАВНА МАТЕРИЈА.

Секој што ќе застане зад овој Предлог-закон е потенцијален соработник, инжењер, помагач и овозможувач на инфраструктурата што го овозможила владеењето на една помалку или повеќе тоталитарна матрица. Злосторствата (кон знаењето, а тоа значи и воопшто) што ќе бидат направени во име на овој потенцијален ЗАКОН се злосторствата направени во име на секој што НЕ реагирал!

Ова најодговорно го тврдам како редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со 20 годишна наставна активност, со авторство на девет (9) научни книги, од нив три (3) преведени и објавени во странство, и на преку 300 студии објавени во водечките списанија за општествени науки и хуманистика во светот!

Тековниот Предлог – Закон за високото образование, кој има шанси да биде изгласан веќе во понеделник, е:

1) „Неконцизен, нејасен, непрецизен и контрадикторен“;
2) „Не е креиран според номотехничките стандарди…. зошто, по својот карактер не се законска материја, па би требало да бидат регулирано со упатство“
3) „(Ч)ленови имаа невообичаено голем број ставови и поради отсуството на енумерација не можат да се читаат интегрално
4) Дури и ваква забелешка: „Јазикот е лош и му треба не само лектура, туку и редактура“. (дел од извештајот на Правниот факултет).

Не го слушајте СПИНОТ на Власта.

-Ова не е Закон, туку е Упатство за употреба, лошо и штетно напишан!

(Екстерното тестирање/државниот испит се само мал дел од тоталитарните решенија во Предлог-Законот)

– Предлог-Законот се коси со СИТЕ нормирачки закони во државава!

– Предлог- Законот е ПРОТИВУСТАВЕН, АНТИДРЖАВЕН, НЕХУМАН, ДИСКРИМИНИРАЧКИ, НАВРЕДЛИВ, ШТЕТЕН, освен тоа тој е директно уназадување од стотина образовни години!

– Предлогот е ПЛАНЕТАРНО НЕАПЛИКАБИЛЕН! Водечките импакт фактор списанија се однесуваат на cancer, brain cancer, итн. И тимови атомски физичари (знам од брат ми) не може да објавуваат во овие списанија, без соработка со јапонски, американски, корејски, xyz тимови, кои години минуваат во акцелератори, со огромни државни буџети за истражувања и дури ниту тоа не гарантира дека ќе бидат објавени во импакт фактор списанија. ДУЗИНА Нобеловци биле ОДБИВАНИ од импакт фактор списанија по најмалку три години читања… Предлог-законот не само што не е применлив за природните науки, тој е ПЛАНЕТАРНО НЕВОЗМОЖЕН за општествените и хуманистичките науки!

– Предлог- законот значи целосно ЗАМРЗНУВАЊЕ на секоја наставна и на секоја научна РЕПРОДУКЦИЈА НА КАДРИ, А СО ТОА И НА ЗНАЕЊЕТО како што тоа најбазично го дефинира педагогијата: како трансфер на знаењето од постари кон помладите. Законот е напишан како КРАЈ на наставно-научната обнова во земјава.

– Предлог- законот е НЕХУМАН, НЕПРАВЕДЕН И ШТЕТЕН. Меѓу сите ужаснувачки одредби, извадени од МАЛ МОЗОК, тој подразбира најдиректен упад во приватноста на луѓето (со барањето за снимање и емитување во живо на испити, со што се врши директен упад во приватноста на студентите).

И уште едно десетина КЛУЧНИ прашања!
….
Мора да бараме ИТНО прекинување на секаква расправа по повод Предлог-законот и пишување НОВ ЗАКОН ЗА ВИСОКО ОБРАЗОВАНИЕ!

Овој и ваков Предлог- закон е ПЛАНЕТАРНА НЕБУЛОЗА и е ШТЕТЕН за Република Македонија. Како таков тој треба веднаш да се прекине во секоја форма на легислативно постоење, и во која било фаза на гласање или разгледување!

Сето ова што го зборува е крајно СЕРИОЗНО!

Да повторам: моралните избори се возможни, особено за интелектуалците!!

Јасна,
28.12.2014

линк: http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=6&vest=19108

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s